дома Живот Здравје Повеќе од 51.000 плишани играчки опасни по здравјето запленети во пристаништето во...

Повеќе од 51.000 плишани играчки опасни по здравјето запленети во пристаништето во Марсеј

 Во француското пристаниште Марсеј, царинските службеници запленија повеќе од 51.000 плишани и други играчки опасни по здравјето на децата со потекло од Кина и наменети за францускиот пазар од почетокот на ова лето, објавија француските медиуми, наведувајќи дека запленетите играчки не ги исполнуваат европските стандарди.


Утврдено е дека овие производи се опасни за малите деца или поради присуството на супстанции забранети на европскиот пазар или поради производствени дефекти, објавува „Ле Фигаро“.
„Увозниците обично започнуваат со подготовките за божиќните празници во текот на летото за да се осигурат дека полиците во продавниците се полни и ја задоволуваат проектираната побарувачка. Тогаш се зголемува прометот на играчки низ пристаништето во Марсеј, а со тоа и почести царински контроли. Нивниот безопасен изглед може да го скрие присуството на опасни супстанции или производствени дефекти што би можеле да ги загрозат децата“, се вели во соопштението на царинската служба.
Запленети се 5.800 кукли со канцерогени, мутагени и репротоксични хемикалии кои биле два до четири пати повисоки од максимално дозволените граници.
Запленети се и 25.973 парчиња накит, првенствено ѓердани и нараквици, со неовластено ниво на токсични тешки метали, како што се никел и олово, кои ги надминуваат пропишаните граници.

„Вкупно 51.368 производи не ги исполнуваат безбедносните барања. Планирано е тие наскоро да бидат уништени“, се вели во соопштението.

ПредходнаЦЕНТКОМ: Јужната рута во Ормускиот теснец е отворена
СледнаСooбраќајка на словенечкиот претседател: Мојата најголема грешка беше што не бев врзана