Големиот пожар што го зафати подрачјето на западна Атика и Беотија во централна Грција нема активен фронт, а копнените противпожарни сили остануваат на лице место за да реагираат на областите што создаваат чад поради можни нови пожари, објавија денес грчките власти.

Од зори, четири хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот во областа, испуштајќи вода од воздух врз жариштата, со посебно внимание посветено на областа Луба кон Псата, објави Прототема.
Иако пожарот е претежно ставен под контрола, сè уште има области што создаваат чад, поради што оперативната подготвеност се одржува на високо ниво, сè додека не се отстрани целосно ризикот од повторно појавување.
Откако пожарот ќе биде целосно под контрола, се очекува да започне официјалното евидентирање на штетите.
Според најновата проценка на службата Коперникус, врз основа на сателитски снимки од пожарите во Атика и Беотија направени вчера, два пожари во централна Грција изгореле површина од 144.243 хектари, од кои 30.966 хектари во Беотија и 113.277 хектари во Атика.




