дома Македонија Општество Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските...

Топлотниот бран се чувствува уште од рано наутро: УХМР ги објави утринските температури

Метеоролозите за денеска најавија уште еден пеколен ден со температури до 40 степени низ Македонија. За време на топлотниот бран, УХМР ги измери температурите од рано наутро, во 8 часот низ државата.

Струмица е најтопол град со 24 степени во осум часот, по што следат Виница, Крушево и Кавадарци со 24.

Во Скопје УХМР во осум часот наутро измери 23 степени целзиусови.

Берово со измерени 17 степени е местото со најниска температура ова утро во Македонија, за време на топлотниот бран кој ја зафати земјата.

 

Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а во некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Препораки за горештините:

Избегнувајте директна изложеност на сонце во најтоплиот период од денот, особено од 10 до 17 часот.

Пијте доволно течности, најдобро вода, дури и кога не чувствувате жед.

Носете лесна, широка и светла облека, како и капа или шешир при престој на отворено.

Користете заштита од сонце и престојувајте во разладени простории кога е можно.

Избегнувајте тешка физичка работа и спортски активности во најтоплите часови.

Не оставајте деца, постари лица или домашни миленици во паркирани возила, дури ни кратко време.

Возрасните лица, хронично болните, бремените жени и малите деца треба да бидат особено внимателни.

Редовно проверувајте ги лицата кои живеат сами или имаат потреба од помош.

Внесувајте лесна храна, повеќе овошје и зеленчук, а избегнувајте тешки и масни оброци.

Проветрувајте ги просториите во раните утрински и вечерните часови, а во текот на денот затворете ги ролетните или завесите.

При појава на симптоми како вртоглавица, слабост, главоболка, мачнина, забрзано чукање на срцето или збунетост, потребно е веднаш да се побара медицинска помош.

ПредходнаХороскоп за среда: Еден знак ќе го привлече вниманието на еден од вашите пријатели 😉
СледнаЧудесните својства на смоквата