дома Магазин 64 години без Мерлин Монро

64 години без Мерлин Монро

Родена како Норма Џин Мортенсон, а подоцна позната како Мерлин Монро ги освои срцата на милиони луѓе. Почина на 5 август 1962 година кога беше пронајдена во несвест во нејзиниот дом во Калифорнија, а нејзината смрт беше официјално запишана како предозирање и веројатно самоубиство.

Сепак, последниот ден од нејзиниот живот се уште има извесна мистерија. Во тоа време била под постојан надзор на лекари и психијатри кои и препишувале голем број лекови за ментални нарушувања и несоница.

Иако официјално во токсиколошкиот извештај се наведува дека непосредна причина за смртта е акутно труење со барбитурати, сепак бројни необјаснети околности ги поттикнаа теориите на заговор дека можеби станува збор за убиство. Некои се прашуваат зошто биле потребни часови за нејзиното тело да биде предадено на обдукција и што се случило со примероците од ткиво коишто никогаш не биле анализирани.

Контроверзноста околу нејзината смрт била толку голема што полициската управа на Лос Анџелес повторно отворила истрага две децении подоцна. По дополнителните тестирања, окружниот обвинител заклучува дека сепак причина за смртта е предозирање со дрога.

ПредходнаЦела Хрватска утрово под црвена тревога, проблеми со водоснабдувањето
СледнаЗа прв пат во историјата, вештачка интелигенција измисли лажен идентитет и се обиде да измами вистинска личност