
Засега неидентификувана жена попладнево со нож избоде четворица мажи во централниот лондонски кварт Ковент Гарден.
Како што јави Скај њуз, жената, на возраст од 40-тина години, приведена под сомнеж за напад и поседување оружје.
На повредните мажи им е пружена прва помош на местото на настанот, по што се пренесни во болница во близина на центарот на градот. Засега нема информации за сериозност на повредите на мажите и за нивната здравствена состојба.
Лондонската полиција соопшти дека првичните сознанија од истрагата сугерираат дека инцидентот е поврзан со менталната состојба на осомничената жена, чиј идентитет не е соопштен.
Ковент Гарден е еден од најпопуларните туристички реони во центарот на Лондон.




