дома Македонија Приведен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Приведен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес

Приведен е возачот кој на 2 август околу 19:20 часот возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес.

Полицијата попладнево соопшти дека станува збор за 39-годишниот М.Ш. од тетовското село Челопек.

– Денеска (05.08.2026) полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 02.08.2026 околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, се движел во спротивна насока, за што од страна на очевидци беа објавени и фотографии и на социјалните мрежи, информира МВР.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување возило“ и ќе биде изведен пред надлежен јавен обвинител.

ПредходнаВојната во Украина го претвори „Сааб“ во европски гигант
СледнаПочнува сезоната на тиквите