Бројот на случаи на вирусот западнонилска треска во Грција почна да се зголемува, со 23 нови случаи откриени само минатата недела.

Најголем број случаи е регистриран во Глифада, а како што објави грчкиот Национален институт за јавно здравје (ЕОДИ), до 5 август се регистрирани вкупно 65 случаи, од кои 54 развиле болест на централниот нервен систем – ЦНС (енцефалитис или менингитис), објавува „Катимерини“.
Вкупно шест смртни случаи се регистрирани кај пациенти со вирусна инфекција и манифестации на ЦНС, постари од 65 години, 20 пациенти се хоспитализирани, од кои осум се на интензивна нега, а четворица на одделението за интензивна нега.
Најголем број случаи се регистрирани во регионите Атика, Тесалија и Централна Македонија.
Најголем дел од пациентите сo западнонилска треска се од Скопскиот регион и Велес




