дома Македонија Економија Македонија доби 149 милиони евра за изградба на пругата од Крива Паланка...

Македонија доби 149 милиони евра за изградба на пругата од Крива Паланка до Деве Баир

Македонија денеска доби 149 милиони евра преку Инвестициската рамка за Западен Балкан на Европската Унија, средства коишто треба да ги искористи за изградба на третата фаза од железничкиот коридор 8 односно за изградба на делот од Крива Паланка до граничниот премин со Бугарија.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека е постигнат договор со Бугарија за изградба на прекуграничниот железнички тунел којшто треба да ги спои двете држави.

– Денешното потпишување претставува продолжување на визијата што ја постави оваа Влада – Македонија да ја искористи својата уникатна позиција како раскрсница на двата коридора, 8 и 10, и на тој начин да го докаже своето место како срце на Балканот. Изградбата на Коридорот 8 е еден од врвните приоритети на Владата. Ова е исклучително значаен ден, зашто по скоро две години работа доаѓаме до реален и остварлив проект, што може да биде реализиран,  рече Николоски на денешното потпишување.

Очекувањата се до крајот на месецов да се одржи вториот меѓувладин состанок во Скопје.

– Пораката е јасна – двете држави испраќаат заедничко писмо до ЕУ, ЕИБ и до ЕБОР за обезбедување грант за изградба на тунелот кој, убеден сум, ќе биде далеку поголем од оние грант средства за кои досега се зборуваше, рече Николоски.

ПредходнаБистро-матно: На врвот критиките од Брисел за владеење на правото и случајот со водата во Гостивар
СледнаСДСМ тврди дека биле нападнати млади активисти во Ново Село