Извештајот на Европската комисија за владеење на правото, случајот со водата во Гостивар и ослободителните пресуди на судските случаи Талир 2 и Тотал се најдоа на врвот на Барометарот на корупција што го објавува „Транспаренси Интернешнл – Македонија“.

На прво место е извештајот на ЕК за владеењето на правото кој укажува на реформи на хартија и застој во пракса, а од Брисел директно беа нотирани лични напади врз судии и обвинители од страна на претставници на власта.
– Комисијата директно посочува на „мешање и притисок од други државни гранки” како главна причина, забележувajки дека избрани функционери и претставници на Владата ги засилиле личните напади врз судии и обвинители кои ги обвинуваат за корупција, со изjaви од највисоко ниво на Владата за „чистење” на судството. ЕК заклучува дека судството и обвинителството продолжуваат да функционираат со буџет под половина од законски пропишаниот минимум, само 0,28 отсто од БДП наспроти пропишаните 0,8 отсто. Уште позагрижувачко, идната генерација судии едноставно не постои: Академијата за судии и обвинители го откажа приемот на 130 нови кандидати поради недостиг на средства, што значи дека земjaта нема да добие ниту еден нов судија или обвинител пред 2028 година. Сликата во борбата против корупцијата е слична, оценуваат од Транспаренси – интернешнл – Македонија.
На второ место е случајот со водата во Гостивар кој е сериозен индикатор за можни системски слабости.
– Начинот на кој институциите постапувале, односно евентуално не постапувале, отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за тоа дали биле исполнети законските обврски за заштита на здравјето на граѓаните, што треба да биде предмет на темелна и независна истрага, се наведува во соопштението на групата невладини организации.
На трето место се ослободителните пресуди во случаите „Талир 2“ и „Тотал“ за кои се оценува дека времето станало најдобриот адвокат на високата корупција.
– Во само два дена јавноста беше сведок на две одлуки за „Талир 2“ и „Тотал“ што повторно ја отворија најболната тема за македонското правосудството – застарувањето на предметите за висока корупција, оценува Транспаренси-интернешнал.
Како најбистри настани се извојуваат обвинението за директорот на Инспекторатот за земјоделие, приведувањето на двајцата стоматолози (едниот претседател на Комората, а другиот претседател на испитна комисија), приведувањето на службеник во Агеницјата за вработување во Прилеп…




