дома Свет Дали Иран добива контрола врз бродовите што влегуваат во Ормускиот теснец со...

Дали Иран добива контрола врз бродовите што влегуваат во Ормускиот теснец со договорот со Оман?

Договорот што се дискутира меѓу Иран и Оман, а кој би можел да помогне во завршувањето на петмесечната војна меѓу Иран и САД, би му дал на Техеран контрола врз бродовите што влегуваат во Персискиот Залив преку Ормутскиот теснец , изјавија за Ројтерс висок ирански извор и двајца регионални функционери. Тоа би било едно од најголемите отстапки досега за Иран.

Немаше непосреден коментар од САД за ова прашање. Претседателот Доналд Трамп изјави дека договорот за повторно отворање на теснецот е неизбежен, но американските претставници постојано нагласуваат дека САД никогаш нема да му дозволат на Иран да го контролира пристапот до најважниот трговски пат во светот за снабдување со енергија.

Договорот што ќе му даде на Иран контрола врз сообраќајот низ теснецот би значел дека војната што ја започнаа САД и Израел во февруари предизвика голема промена во регионалната рамнотежа на моќ во корист на Техеран. Пред војната, теснецот беше отворен за сите бродови без такси.

 Во услови на пошироки дипломатски напори во регионот, Иран и Оман одржуваат билатерални разговори за Ормутскиот теснец, кој двете земји го контролираат преку северниот и јужниот канал. Иран објави „значаен напредок “. Во меѓувреме, Техеран ги предупреди земјите од Заливот дека секој нов напад на САД врз негова територија ќе предизвика одмазда врз критичната енергетска инфраструктура во регионот. Иран се обидува да ја зголеми цената на воената акција со заканување на најблиските регионални сојузници на Вашингтон, соопштија пет извори.

„ Предупредувањето на Иран беше недвосмислено – ако Америка ја нападне инфраструктурата на Иран, тие ќе возвратат со удар врз енергетските објекти во Персискиот Залив и други регионални цели“, рече извор од Заливот. Иран одговори на нападите со ракети и беспилотни летала против сојузниците на Вашингтон во регионот, а истовремено нападна и комерцијални бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец без негова дозвола.

 На митинг во Лас Вегас, Трамп изрази преференции за дипломатија: „Подобро би склучил договор затоа што не сакам да убивам луѓе. Не сакам да убивам луѓе, но во одреден момент ќе го направиме тоа.“

Иран пријави над 3.400 смртни случаи откако САД и Израел ја започнаа војната на 28 февруари, додека САД пријавија 18 воени жртви.

ПредходнаНово Мексико го тужи Министерството за правда поради досиејата на Епштајн
СледнаToa беше најстрашната фрлена бомба