
Украина соопшти дека во рамки на последната серија напади врз руски цели погодила две рафинерии за нафта длабоко на територијата во Русија.
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, цел на нападите биле рафинериите „Башњефт-Новоил“ и Славњефт-Јанос“. Рафинеријата „Башњефт-Новоил“ се наоѓа во руската република Башкортостан на околу 1.300 километри од украинската граница, а „Славњефт-Јанос“ е оддалечена речиси 700 километри.
Зеленски нагласи дека целта на нападите била да се ограничат приходите од нафта што Москва ги користи за финансирање на војната.
Ukrainian drone strikes hit the Yaroslavl oil refinery in western Russia on Thursday, one of the country’s five largest. pic.twitter.com/imC8IJUwIZ
— Open Source Intel (@Osint613) August 6, 2026
Гувернерот на регионот Јарослав, Михаил Евраев, соопшти дека во рафинеријата „Славњефт-Јанос“ избувнал пожар, по, како што рече, „најголемиот непријателски напад со беспилотни летала“. Тој додаде дека се повредени четири лица.
Според Евраев, во текот на минатата ноќ над регионот биле соборени 93 дронови. „Делови од дронивите погодиле резервоари во рафинеријата за нафта. Службите за итни случаи работат на гаснење на пожарот“, рече тој.
Инаку, „Славњефт-Јанос“ е една од најголемите рафинерии во Русија.
An oil refinery in Yaroslavl, one of the top five largest oil refineries in Russia, is on fire. However, the governor of the region confidently claims that all UAVs were shot down. pic.twitter.com/1uLixMmL14
— WarTranslated (@wartranslated) August 6, 2026
Украинскиот претседател, исто така, изјави и дека во Црното Море биле погодени два воени патролни брода и танкери на руската „флота во сенка“. Станува збор за танкери што Русија ги користи за извоз на нафта заобиколувајќи ги санкции.
„Русија мора да избере мир“, рече Зеленски, додавајќи дека нападите на Украина „ги зголемуваат шансите за дипломатија“.
Во исто време, во руски напади врз украински градови загинаа најмалку 11 лица, а јужниот град Херсон остана без електрична енергија.
Три лица биле убиени во градот Балаклија во регионот на Харков за време на ноќен напад од руски беспилотни летала, објави украинската државната служба за итни случаи. Според истиот извор, цел на нападите биле приватни куќи, при што две згради се во пламен.
Управителот на Харковската област, Олех Синехубов изјави дека уште две лица се убиени во напад со беспилотно летало врз железничката станица во Лозова, каде што осум лица се повредени. Уште пет лица се убиени во руски напади врз Дњепропетровската област.
На југ, целиот град Херсон остана без струја откако „критичен инфраструктурен објект“ беше погоден преку ноќта, соопшти регионалниот управител Олександр Прокудин.
Едно лице биле убиено во црноморското пристаниште Одеса при руски напад врз два товарни брода.




