Украинските власти евакуираат 525 деца и млади луѓе од Краматорск и околните населби поради зголемената опасност од руски напади.

Фото: Украински служби за итни случаи
„Безбедносната ситуација се влошува, па затоа е неприфатливо децата да бидат изложени на постојана закана од руски напади“, рече Филашкин, опишувајќи ја евакуацијата како тешка, но неопходна одлука.
Деца од 424 семејства се евакуираат
Од селото Красноторка ќе бидат евакуирани 59 малолетници, од Биленко 140 и од Краматорск 326.
Станува збор за деца и млади луѓе од вкупно 424 семејства.
Краматорск е оддалечен помалку од 15 километри од линијата на фронтот. Областа на Краматорск и Славјанск е последното големо упориште во регионот Донецк кое е под контрола на украинските сили.
Русија, која започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, бара целосно повлекување на украинските сили од регионот Донецк како еден од предусловите за мировни преговори.




