дома Македонија Црна хроника 23 пожари и интервенции, а сеуште гори кај Македонски Брод

23 пожари и интервенции, а сеуште гори кај Македонски Брод

До 7:30 часот утрово, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал 23 пожари на отворен простор на територијата на државата. Од нив, еден пожар и натаму е активен, два се ставени под контрола, додека останатите 20 се целосно изгаснати.

Активен останува пожарот во месноста Стојанова Населба, во атарот на селото Грешница, Општина Македонски Брод. Таму гори ниска вегетација, грмушки и деградирана шума.

Под контрола се пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што огнот зафатил ниска вегетација и нискостеблеста шума.

Во текот на изминатото деноноќие биле локализирани и изгаснати пожари на повеќе локации низ земјава. Интервенции имало во општините Босилово, Валандово, Богданци, Гостивар, Желино, Брвеница, Гази Баба, Неготино, Сарај, Карбинци, Штип, Чешиново-Облешево, Ново Село, Кривогаштани, Струга, Македонски Брод, Куманово, Тетово и Долнени.

Најчесто горела ниска вегетација, но пожарите зафатиле и стрништа, депонии, деградирана и мешана шума, како и нискостеблеста шума

ПредходнаЗеленски ги отповика амбасадорите во Албанија, Хрватска и Црна Гора
СледнаГрчка вечер на „Охридско лето“ со уметниците Теодосија Нтоку на пијано и виолончелистот Масимо Полидори