дома Живот Овие намирници не се добар избор за вечера ако сакате мирен сон...

Овие намирници не се добар избор за вечера ако сакате мирен сон и лесно варење

Вечерата е последниот оброк во денот, па затоа нејзиниот состав има важна улога во тоа како ќе се чувствува организмот во текот на ноќта. Наместо тешки и калорични оброци, експертите препорачуваат полесна храна која полесно се вари и не го оптоварува дигестивниот систем пред спиење. И секако најмалку 3 и повеќе часови пред спиење, а најдобро е и да се забораво на вечерата. Но,  на тоа тррееб да се навикнеш, ако сакаш и подобар изглед и добер сон.

Една од групите намирници кои е подобро да се избегнуваат навечер е масната и пржената храна. Пица, брза храна и пржени јадења се варат подолго, а кај некои луѓе можат да предизвикаат враќање на желудочната киселина и чувство на тежина.

Проблем можат да создадат и многу зачинетите јадења, особено кај луѓето кои имаат чувствителен желудник или проблеми со киселини. Таквата храна може да предизвика непријатност токму во периодот кога телото треба да се одмора.

Слатките и производите со многу шеќер исто така не се идеален избор за доцните часови. Тие можат да влијаат врз нивото на енергија и да го нарушат квалитетот на сонот, особено ако се консумираат непосредно пред легнување.

Алкохолот, газираните пијалаци и пијалаците со кофеин се меѓу оние што можат дополнително да влијаат врз спиењето. Иако алкохолот може краткорочно да создаде чувство на опуштеност, тој може да го наруши природниот ритам на спиење.

Нутриционистите советуваат вечерата да биде умерена и составена од лесно сварливи намирници, како зеленчук, риба, посни протеини или ферментирани млечни производи, а последниот оброк да не биде непосредно пред спиење.

Добриот избор на вечера не значи целосно откажување од омилената храна, туку правилно распоредување и избегнување на оброци кои можат да го оптоварат организмот во периодот за одмор.

ПредходнаСловенија се соочува со суша, Министерството за животна средина ги повикува граѓаните да штедат вода