На денешен ден пред 25 години кај месноста Карпалак за време на воениот конфликт загинаат 10 македонски резервисти на Армијата. И 25 години подоцна загинатите бранители немаат достојно спомен обележје кај Карпалак.
На месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово поставена е само спомен плоча на банкина која во минатото неколкупати беше оштетена и вандализирана.

Масакрот се случи во 2001 година за време на воениот конфликт кога конвојот од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна се движеше кон Тетово. Околу 09:30 часот кај месноста Карпалак паѓа во заседа. Кон конвојот е отворен оган од митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Извлекувањето траеше повеќе часови.





