дома Локално Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Во вторник авионска дезинсекција против ларви од комарци во Скопје

Во вторник, во раните утрински часови, на подрачјето на Скопје ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци, најавија од Град Скопје.

Акцијата се спроведува како дел од редовните превентивни мерки за намалување на бројот на комарците и спречување на нивното понатамошно размножување.

Доколку временските услови не дозволат безбедно реализирање на прскањето, дезинсекцијата ќе се одложи за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин.

Од Град Скопје апелираат до сите пчелари навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на авионското третирање на теренот.

ПредходнаКамионџиите од Западен Балкан ќе блокираат граници бидејќи Брисел ги игнорира нивните барања
СледнаАмерика мисли дека Путин би можел да го нападне НАТО. Целите се исто така познати.