Патнички и товарен воз се судрија утрово во близина на Бјеловар. Според првичните информации, има повредени.

Хрватските медиуми јавуваат дека несреќата се случила меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец.
Сообраќајот е во прекин, а на местото на несреќата упатени се екипи на брза помош.




