На територија на државава активни се два пожари на отворен простор – едниот во селото Брњарци и другиот во населба Волково. На двете места гори ниска вегетација.

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот се регистрирани вкупно шест пожари од кои четири се изгаснати.




