дома Македонија И под 25 години загинатите бранители без достојно спомен обележје кај Карпалак

И под 25 години загинатите бранители без достојно спомен обележје кај Карпалак

На денешен ден пред 25 години кај месноста Карпалак за време на воениот конфликт загинаат 10 македонски резервисти на Армијата. И 25 години подоцна загинатите бранители немаат достојно спомен обележје кај Карпалак.

На месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово поставена е само спомен плоча на банкина која во минатото неколкупати беше оштетена и вандализирана.

Масакрот се случи во 2001 година за време на воениот конфликт кога конвојот од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна се движеше кон Тетово. Околу 09:30 часот кај месноста Карпалак паѓа во заседа. Кон конвојот е отворен оган од митралези и рачни ракетни фрлачи. Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав. Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Извлекувањето траеше повеќе часови.

 

 

ПредходнаСе урна хеликоптер кој гаснеше голем пожар во Америка
СледнаИталија го отфрла ултиматумот на Шпанија, ситуацијата ескалира. Најавени се контроли