Три лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени во руските воздушни напади во регионот на Киев во текот на ноќта, а најмалку четворица се повредени , објави БТА, повикувајќи се на соопштение од украинските власти и Укринформ.

Околу десет експлозии се слушнаа во украинската престолнина по предупредувањето за руски балистички ракети. Властите ги повикаа жителите да се засолнат поради воздушниот напад.
Шефот на воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко, пријави штета на три места во градот Бровари , североисточно од главниот град. Паѓачките остатоци удрија во станбени згради. Претходно тој пријави тројца мртви и тројца повредени, вклучувајќи и едно дете.
Украинската воздушна одбрана не успеа да пресретне ниту една ракета поради недостаток на пресретнувачи. Претседателот Володимир Зеленски постојано ги повикува западните сојузници на Украина да обезбедат дополнителни системи за воздушна одбрана и ракети.




