Директорот на Центарот за управување со кризи предупредува дека поради високите температури во попладневните часови, источните, централните и јужните делови се наоѓаат во многу висок ризик од појава на пожари.
Поради тоа, апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување.

– Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index). Во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со МНОГУ ВИСОК FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет, информира Мухамед Али.
Останатите делови од земјата се со ВИСОК FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот е НИЗОК и МНОГУ НИЗОК.
– Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа. Секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, во вакви временски услови, може многу брзо да се прошири и да зафати поголема површина, вели Али.




