дома Македонија Црна хроника Возете внимателно – МВР со засилени сообраќајни контроли во текот на целиот...

Возете внимателно – МВР со засилени сообраќајни контроли во текот на целиот викенд

Во периодот од 03 до 09 август 2026 година, Секторот за сообраќајни работи при МВР спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Од полицијата предупредуваат дека прекумерната брзина не е само прекршок, туку претставува една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со трагични последици. Секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од незгода и ја намалува можноста за навремена реакција.

„Затоа апелираме до сите возачи да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да возат одговорно. Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот“, се наведува во соопштението од МВР.

ПредходнаТри дена протести на земјоделците од Струмичко
СледнаДевиците денес ги чекаат важни вести, но прво мора да направат едно нешто