дома Македонија Многу висока опасност од пожари поради високите температури

Многу висока опасност од пожари поради високите температури

Директорот на Центарот за управување со кризи предупредува дека поради високите температури во попладневните часови, источните, централните и јужните делови се наоѓаат во многу висок ризик од појава на пожари.

Поради тоа, апелира до граѓаните на максимална внимателност и одговорно однесување.

– Според податоците од МКФФИС, на 9 август 2026 година во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index). Во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со МНОГУ ВИСОК FWI, што укажува на зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари со многу висок интензитет, информира Мухамед Али.

Останатите делови од земјата се со ВИСОК FWI, додека исклучок се повисоките планински предели, каде што индексот е НИЗОК и МНОГУ НИЗОК.

– Во услови на високи температури и зголемена опасност од пожари, апелирам до граѓаните на особена внимателност и одговорно однесување, особено при престој и движење во природа. Секое невнимателно постапување може да предизвика пожар кој, во вакви временски услови, може многу брзо да се прошири и да зафати поголема површина, вели Али.

 

 

ПредходнаЗатемнувањето на сонцето доаѓа за три дена: Овие знаци значат дека животот се движи во нова насока
СледнаСлободен печат: Сиљановска – Давкова се оградува од случајот со разузнавачот Тодоровски, кој со потврда дека е осудуван, беше испратен во Виена