дома Свет Нетанјаху го отфрли планот за Газа на Трамп: „Нема израелско повлекување од...

Нетанјаху го отфрли планот за Газа на Трамп: „Нема израелско повлекување од Газа сè додека Хамас не се разоружа“

Израел го отфрли планот од 15 точки за Газа на американскиот претседател Доналд Трамп и Советот за мир, што тој го формираше, соопшти денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Сакам да разјаснам. Израел го отфрла документот од 15 точки“, рече Нетанјаху, нагласувајќи дека израелската армија нема да се повлече од Појасот Газа сè додека Хамас не биде „вистински разоружан“.

Израелските претставници веруваат дека Хамас само го користи процесот за да спречи понатамошни воени дејствија од страна на Израел.

Иако израелскиот Совет за национална безбедност го одобри влегувањето на Меѓународните сили за стабилизација во Газа за разоружување на Хамас и преземање контрола врз територијата, високи израелски претставници и министри јавно го повикаа Нетанјаху отворено да изјави дека нема да се придржува до условите на планот, кој би барал од Израел да се повлече од Газа.

„Ги слушнав луѓето како велат: Не го кажавте тоа. Па еве ме, повторно го повторувам: Израел го отфрла документот од 15 точки. Израелската војска нема да се повлече сè додека Хамас не се разоружа. И кога велам Хамас мора да се разоружа, мислам на тешко оружје, помалку тешко оружје, сето оружје. И зборуваме за вистинско разоружување, а не за фиктивно разоружување“, рече Нетанјаху.

Тој додаде и дека Израел разговара со САД за своите резерви во врска со планот.

„Тие имаат идеи, некои од нив се прифатливи за нас, некои не се, и ние знаеме како да се спротивставиме на овие работи. Тоа го докажавме во минатото, а го докажуваме и денес. Покрај тоа, израелската војска ќе продолжи да ги спречува заканите за нашите сили и нашите граѓани“, истакна Нетанјаху, додавајќи дека никогаш нема да прифати палестинска држава во Газа или на Западниот Брег.

Минатата година и Израел и Хамас се согласија со планот на Трамп, кој започна со прекин на огнот. Во меѓувреме, Израел, сепак, продолжи со напади врз позиции на Хамас во Газа.

Минатиот месец, Трамп објави дека е постигнат напредок во планот со тоа што Хамас изразил подготвеност целосно да се разоружа, за да може да започне втората фаза од прекинот на огнот.

Крајната цел на палнот е Хамас да ја предаде власта на нова палестинска влада, која тесно би соработувала со Советот за мир на Трамп.

Хамас тогаш го потврди ваквиот договор, но многу работи останаа нејасни во врска со редоследот на отстапките.

„Нема да направиме ниту еден чекор кон разоружување сè додека Израел не се повлече од Појасот Газа“, соопшти тогаш Хамас.

Комитетот за мир е задолжена да го следи процесот на Мировниот план за Газа, во согласност со Резолуцијата 2803 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

ПредходнаПутин и Трамп сакаа блицкриг, а сега сè би дале за да се извлечат од војните
СледнаСкопјанец скокнал од чамец во Преспанското Езаро и исчезнал