дома Свет Двајца убиени, 12 повредени во руски напад врз Харков

Двајца убиени, 12 повредени во руски напад врз Харков

Две лица се убиени, а 12 повредени во руски напад врз Харков, во североисточна Украина, синоќа, објавија денес украинските власти.


Началникот на Воената администрација на Харковскиот округ, Олег Синегубов, изјави дека две лица се убиени во нападот со руски дрон во Салтивскиот округ во Харков, пренесува Укринформ.
Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, во објава на Телеграм изјави дека два облакодери биле погодени во рускиот напад во Салтивскиот округ во Харков, од кои едниот имал десет ката.
„Непријателот погодил и соседен облакодер, тие намерно таргетираат станбени згради. Што се однесува до последиците од вториот удар, ги дознаваме деталите“, рече Терехов.
Тој рече дека има луѓе заробени под урнатините во погодените облакодери и дека е во тек спасувачка операција.

ПредходнаТурција ја спасува Украина со атакмски, химарски и илјадници гранати
СледнаГермански министер: Во хибридна војна сме Германија е цел