
Авион Ербас А320 на авиокомпанијата „Џетстар“ и Боинг 777 на „Катар Ервејс“ за малку избегнаа судир на пистата на аеродромот во Сиднеј, соопшти Австралиското биро за безбедност на сообраќајот (АТСБ), кое започна истрага за инцидентот.
Инцидентот се случил денеска кога авионот на „Џетстар“ на лет кон Квинсленд, се упатувал кон пистата кога екипажот забележал авион на „Катар Ервејс“ како се приближува кон нивната писта.
„Двата авиона нагло застанале“, соопшти АТСБ.
При инцидентот е поврден член на кабинскиот екипаж на авионот на „Џетстар“.
„Џетстар“, кој е нискобуџетната подружница на австралискиот национален авиопревозник „Квантас“, исто така соопшти дека го истражува инцидентот.
„Нашиот авион ги следел упатствата од контролата на летање кога пилотите морале нагло да ги активираат сопирачките откако им се приближил друг авион“, соопшти „Џетстар“.




