дома Lifestyle Ѓоковиќ ненејавен гостин на концертот на Владо Георгиев (ВИДЕО)

Ѓоковиќ ненејавен гостин на концертот на Владо Георгиев (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве е на одмор со своето семејство во Црна Гора, а слободното време го искористи за да настапи на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови. Популарниот Ноле кој беше меѓу публиката на концертот во еден момент се качи на бината и стана главна ѕвезда на вечерта.

Ѓоковиќ на бината им се придружи на Владо Георгиев и Нигор, зеде микрофонот и ја отпеа песната „Тропски бар“. На воодушевување на публиката Ноле покажа и неколку танчерски движења.

Видеото на кое Ѓоковиќ пее и танцува брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што следеа реакции од воодушевени следбеници.

@imisskatarina

#novakdjokovic #vladogeorgiev #crnagora #balkan #viral

♬ izvorni zvuk – imisskatarina

„Каков нормален човек! Каков цар, секоја чест му е што е светски, а наш“, „Дали сум единствениот што го гледа ова по 73-ти пат?“, „Колку се добри“ и „Какви легенди“, се само дел од коментарите.

По одморот, се очекува Ѓоковиќ да продолжи со подготовките за американскиот дел од сезоната. Фокусот ќе биде на Отвореното првенство на САД, последниот Гренд слем турнир во годината.

ПредходнаОд следната недела стартуваат шест премиери на Нетфликс, Дизни+ и Прајм Видео (ВИДЕО)
СледнаНетанјаху „дал амин“ за обнова на делот од Рафа под израелска контрола