дома Свет Галузин: Русија не прифаќа замзрнување на војната во Украина и не отстапува...

Галузин: Русија не прифаќа замзрнување на војната во Украина и не отстапува од своите барања

Русија отфрла каква и да било можност за замзрнување на војната во Украина, доколку не се решат „суштинските причини“ за конфликтот, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин.

„Како што рускиот претседател Владимир Путин постојано повторуваше, никакво замрзнување не е можно без елиминирање на суштинските причини за оваа криза“, изјави Галузин за руската државна новинска агенција ТАСС.

Галузин изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „целосно губи контакт со реалноста“ и дека се обидува да предизвика ескалација конфликтот со интензивирање на нападите врз цели во Русија.

Според Галузин, овие украински напади се „терористички“ и ја повика меѓународната заедница да реагира.

Тој, исто така, ја критикуваше американската воена и разузнавачка поддршка за Украина, нарекувајќи го пристапот на Вашингтон контрадикторен.

„Континуираното снабдување со американско оружје на режимот во Киев, обезбедувањето разузнавачка и друга помош зборуваат сами за себе“, рече Галузин, тврдејќи дека таквата поддршка е некомпатибилна со мировните напори на САД.

Галузин истакна дека Русија е подготвена да ги постигне своите цели врз основа на договорите од Енкориџ и дека дипломатско решение е можно ако има доволно политичка волја.

Тој, исто така, се осврна на неодамнешните изјави на американскиот државен секретар Марко Рубио дека Вашингтон не е „непристрасен посредник“ и додаде дека Москва го покренува ова прашање во контактите со САД.

Весникот „Киев Пост“ оценува дека изјавите на Галузин сугерираат оти Москва нема намера да се согласи прекин на борбите без да ги обезбеди своите пошироки политички и територијални барања, додека Киев ваквите услови за крај на војната ги смета за неприфатливи.

Како дел од потенцијален мировен договор, Киев постојано предлага замрзнување на конфликтот по сегашните линии на фронтот. Москва, од друга страна, инсистира дека секое решение би барало од Украина да и го предаде на Русија целиот регион на Доњецк, вклучувајќи и областите што руските сили не успеаја да ги освојат.

ПредходнаЗемјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија: Има повредени и серизони штети (ВИДЕО)
СледнаНајмалку 20 загинати при земјотрес од 7,4 степени во Колумбија