дома Свет Најмалку 13 загинати при украински напад врз Русија

Најмалку 13 загинати при украински напад врз Русија

Најмалку 13 лица загинаа, а десетици други се повредени при украинскиот напад со дрон во текот на минатата ноќ врз рускиот град Нижнекамск во Автономната Република Татарстан, кој се наоѓа на над 960 киломатри од границата на Украина.

Според градоначалникот на Нижнекамск, Радмир Белјаев, меѓу загинатите е и едно дете.

Медиумите јавуваат за најмалку 48 провредени, додека локалните власти тврдат дека по нападот медицинска помош побарале вкупно 75 лица, од кои 21 биле хоспитализирани.

Во Нижнекамск се наоѓа голема рафинерија ТАНЕКО, во сопственост на руската нафтена компанија Татнефт, која исто така бил цел на напади. Украина изврши напад врз ова рафинерија и на почетокот на јуни.

Украинската армија потврди дека стои зад нападот, нагласувајќи дека при тоа е погодена рафинеријата ТАНЕКО.

Русија ја обвинува за тероризам

Во реакција на нападот во Нижнекамск, руското Министерство за надворешни работи ја обвини Украина за „отворени терористички напади“.

„Во тек е серија отворени терористички напади. Само во последните два дена, бројот на цивилни жртви во само два инцидента веќе надмина 80 лица. Ова се огромни бројки што укажуваат на намерна ескалација“, порача руското МНР.

Во меѓу време руското Министерство за одбрана соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила 285 украински дронови во период од 12 часа во текот на вчерашниот ден. Повеќето од дроновите биле пресретнати над централните и западните руски региони.

 Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин на Телеграм објави дека руската противвоздушна одбрана уништила пет дронови што летале кон Москва.

Во последните месеци Украина ги интензивира нападите длабоко на руска територија, благодарение на развојот на дроново со голем домет.

Само последниве недели редовно се напаѓани руски воени и енергетски објекти на оддалечност поголема и од 1.000 километри од украинската граница, вклучувајќи цели во Саратовската област и Татарстан.

На 6 јули Украина изврши напад врз најголемата руска рафинерија за нафта во Омск, на повеќе од 2.500 километри од украинската граница, по што таа престана да работи.

ПредходнаДобра вест за возачите- поевтинуваат горивата
СледнаИран: Напредуваат преговорите за деблокада на Ормуцкиот Теснец