дома Свет Нови пожари во Франција, се планира евакуација на 200.000 луѓе

Нови пожари во Франција, се планира евакуација на 200.000 луѓе

Новии шумски пожари избувнаа во југозападна Франција, заканувајќи се да се прошират кон неколку градови, поради што властите започнаа подготвки за можна евакуација на речиси 200.000 луѓе.

Иако кон крајот на минатата недела пожарите беа ставени под контрола, екстремната топлина и силните ветрови во текот на викендот ја влошија ситуацијата на терен.

Еден од пожарите што повторно се активираше е во општината Сен-Жан-д’Илак. Шефот на локалната противпожарна служба Томас Мимијак потврди дека на местото на поѓарот се испратени значителн број пожарникари и опрема.

„Се наоѓаме на задниот дел од пожарот што избувна вчера околу 15 часот. Поради временските услови, распоредивме значителни сили, кои се фокусирани на гаснење на шумскиот пожар, но и на превентивна заштита на куќите“, изјави Мимијак.

Низ јужна Европа, особено во Шпанија и Франција, пожарникарите со недели се борат со пожари кои уништија стотици илјади хектари вегетација.

Предходна„Сони“ и ТСМЦ заеднички ќе инвестираат во фабрика во Јапонија
СледнаМетеоаларм: Утре портокалова фаза на цела држава