дома Македонија 25 години од масакрот кај Љуботенски бачила

25 години од масакрот кај Љуботенски бачила

Денеска се одбележуваат 25 години од масакрот кај месноста  Љуботенски бачила во 2001 година кога загинаа осум припадници на резервниот состав на Армијата, а исто толку беа повредени.

По тој повод цвеќе пред спомен обележјата ќе положи делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

На 10 август 2001 година околу 8 часот наутро кај месноста Љуботенски бачила на околу 5 километри од селото, камион на Армијата полн со муниција налетува на две нагазни мини при што загинаа осум војници од резервниот состав. Веднаш по нападот почнува неколкучасовна престрелка меѓу ОНА и втората чета на Третиот баталјон.

 

 

ПредходнаДемократски сенатор: Трамп ја загуби војната со Иран
СледнаТричасовен прекин на струја во дел од Ќолија