И тениската легенда Новак Ѓоковиќ оваа година одлучи годишниот одмор да го помине на регионалните брегови. Српскиот тениски ас ги полни батериите во Црна Гора, а Ѓоковиќ брзо стана главна тема на социјалните мрежи кога запеа и танцуваше на концертот на Владо Георгиев во Херцег Нови.

И не само што српскиот тенисер пееше на цел глас од публиката, туку се качи и на сцената и му се придружи на Георгиев, како и на црногорскиот музичар Игор Лазиќ, попознат како Нигор. Тројцата ја запеаја песната „Тропски бар“ на сцената, а камерите на фановите сè снимија.
Опуштениот тенисер добро се забавувал со насмевка на лицето, пеејќи на микрофонот и уживајќи во танцувачката атмосфера.
@podgorickiinfo Kad Nole zapjeva, mreže gore Novak Đoković u punom elementu uz Vlada Georgijeva i „Tropski bar“. Atmosfera koja govori sama za sebe. #novakdjokovic #djokovic #vladogeorgijev #nole #viral ♬ original sound – podgoricki.info
Видеата брзо се проширија на социјалните мрежи, едно има и повеќе од 300.000 прегледи, а коментарите се полни со воодушевување: „Ова би го гледал до утро“, „Вакви забави и забранети телефони на влезот“, „Се собраа легендите“, „Кралеви“, „Ова е бесценето“, напишале обожавателите.




