дома Свет Земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија: Има повредени и серизони штети...

Земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија: Има повредени и серизони штети (ВИДЕО)

Земјотрес со интензитет од 7,4 степени денеска го погоди западниот дел на Колумбија. Како што соопшти Американскиот геолошки институт епицентарот на земјотресот, што се случил во 7:34 часот по локално време (14:34 по средноеврпско време), бил во близина на градот Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри под површината на земјата.

Земјотресот се почувствувал во цела Колумбија, како и во соседните земји.

Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо доаѓаат информации за повредени и „сериозни штети на зградите“. Таа, исто така, предупреди на можноста за нови потреси.

„Веќе работиме на проценка на штетата и наскоро ќе го објавиме првиот официјален извештај“, изјави Кордоба Кури.

Земјотресот бил силно почувствувано и во колумбискиот главен град Богота, каде што се вклучиле голем број аларми и жителите во паника излегле на улиците.

Градоначалникот на Богота, Карлос Галан објави дека засега нема извештаи за жртви или поголеми оштетувања на објекти.

„Регистрирани се само пукнатини на некои згради“, објава Галан на Икс.

Слични информации доаѓаат од Меделин, чиј градоначалник, исто така, потврди „силно тресење“ и објави дека властите ја проверуваат ситуацијата на терен.

ПредходнаМлади активисти со иницијативи за спас на Малдивите