дома Живот Здравје Како да реагирате ако нагазите на морски еж

Како да реагирате ако нагазите на морски еж

Морското еже најчесто се наоѓа во карпести делови или во плитките води, но само еден невнимателен чекор е доволен одморот да се претвори во болно искуство.

Неговите тенки боцки лесно може да влезат во кожата, а убоденото место да се вцрвени и да отече.

Доколку знаете дека во морето има морски ежови, не влегувајте боси, а ако се набоцкате, не ги вадете сами боцките, туку побарајте лекарска помош, советуваат лекарите.

Доколку во местото каде се летува, нема доктор, тогаш прво што треба да се направи е да се исплакне повреденото место со солена вода, но не морска вода. Многумина користат и оцет бидејќи тој помага во омекнување на кожата и полесно отстранување на боцките.

Може да се употреби и мешавина од топла вода и топол оцет. Местото се мие неколкупати на ден по што би требало кожата сама да ја исфрли боцката.

Но, доколку боцката е влезена подлабоко во кожата тогаш мора да се острани со лесни кружни движења и со пинцета.

Потоа раната мора да се намачка со антибактериска маст, а доколку се јави оток и црвенило мора да се побара лекарска помош.

 

ПредходнаГоли велосипедисти продефилираа во Берлин
СледнаСе чека на Богородица, Табановце и Пелинце