дома Свет Најмалку 20 загинати при земјотрес од 7,4 степени во Колумбија (ВИДЕО)

Најмалку 20 загинати при земјотрес од 7,4 степени во Колумбија (ВИДЕО)

Најмалку 20 лица азгинаа, а дестици други се повредени при земјотрес со интензитет од 7,4 степени што денеска го погоди западниот дел на Колумбија предизвикувајќи „сериозни штети“.

Како што соопшти Американскиот геолошки институт епицентарот на земјотресот, што се случил во 7:34 часот по локално време (14:34 по средноевропско време), бил во близина на градот Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри под површината на земјата.

Земјотресот се почувствувал во цела Колумбија, како и во соседните земји Венецуела, Еквадор и Панама.

Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо доаѓаат информации за повредени и „сериозни штети на зградите“. Таа, исто така, предупреди на можноста за нови потреси.

 „Веќе работиме на проценка на штетата и наскоро ќе го објавиме првиот официјален извештај“, изјави Кордоба Кури.

Медиумите информираа дека во Кибдо се урнала четирикатна зграда, како и дека се повредени „повеќе лица“.

 Земјотресот бил силно почувствувано и во колумбискиот главен град Богота, каде што се вклучиле голем број аларми и жителите во паника излегле на улиците.

Градоначалникот на Богота, Карлос Галан објави дека засега нема извештаи за жртви или поголеми оштетувања на објекти.

 „Регистрирани се само пукнатини на некои згради“, објава Галан на Икс.

Слични информации доаѓаат од Меделин, чиј градоначалник, исто така, потврди „силно тресење“ и објави дека властите ја проверуваат ситуацијата на терен.

 Според порталот „Публико“, во земјотресот се оштетени повеќе од 10 аеродроми. Во Кали и Манизалес паднале фасадите на многу згради, а во Манизалес е оштетена една од кулите на градската катедрала.

 Колумбиските медиуми јавуваат дека непознат број луѓе би биле заробени под урнатините на 20-тина згради во Кали.

Во првата реакција, колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела на платформата Икс објави дека „лично презел одговорност за итен одговор во Сан Хозе дел Палмар“.

 „Исто така, ќе бидам лично во Переира за да ги поддржам погодените и да го следам одговорот на Владата“, наведе Де ла Есприела, кој претсеателската функцијата ја презеде во петок.

Според Колумбиската геолошка служба, земјотресот бил најсилниот регистриран во земјата во изминатата деценија.

ПредходнаГалузин: Русија не прифаќа замзрнување на војната во Украина и не отстапува од своите барања