Не носете одлуки на 12 и 13 август кога ќе има помрачување на Сонцето, советуваат астролозите. Помрачувањето на Сонцето што не очекува на 12 август се случува во знакот на Лав, а според астролошките толкувања, тоа би можело да донесе период на неочекувани пресврти и скриени информации.

Затоа, астролозите препорачуваат да не носат одлуки импулсивно, особено кога станува збор за одлуки што можат да имаат долгорочни последици.
Затемнувањето на Сонцето се поврзува со различни области од животот – од љубовта, семејството и парите до кариерата, врските и личните планови.




