Партиите реагираат по објавата на ЗНМ за директни закани по животот на новинарот и колумнист Ерол Ризаов и бараат од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството веднаш да постапат.
– Слободата на медиумите и слободата на изразување не се привилегија на новинарите, тие се основа на демократското општество и право на секој граѓанин. Ако дозволиме новинар да биде заплашуван затоа што напишал колумна или изразил став, утре истата закана може да биде упатена кон секој граѓанин кој јавно размислува поинаку, велат од Либерално-демократската партија.

ЛДП очекува надлежните институции, пред сè Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство, сериозно и без одлагање да го истражат случајот, да ги обезбедат електронските докази и да го утврдат идентитетот на лицата кои стојат зад заканите. Доколку постојат елементи на кривично дело, очекуваат соодветна институционална реакција и процесуирање согласно законите.
Реагираше и СДСМ.




