дома Локално Регистрирани 23 пожари на отворено – 20 се изгаснати, два се активни,...

Регистрирани 23 пожари на отворено – 20 се изгаснати, два се активни, а 1 е под контрола

Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари вчера до 16 имаше во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица – ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник – сува трева и нискостеблеста шума; во Општина Кичево, во близина на турските гробишта гори ниска вегетација и стрниште; во Општина Битола кај с. Букри – ниска вегетација и во Општина Долнени кај с. Житоше гори ниска вегетација.

Како што информира ЦУК, изгаснати се седум пожари во Општина Новаци – на патот пред РЕК Битола каде гореше ниска вегетација; во Општина Велес кај м.в. Кулата – нискостеблеста поретка шума и ниска вегетација; во Општина Босилово помеѓу с. Турново и с. Секирник – стрниште; во Општина Штип кај с. Лакавица – ниска вегетација и грмушки; во Општина Градско покрај компанијата „Жито Вардар“ – ниска вегетација; во Општина Неготино кај воениот полигон Криволак – ниска вегетација и во Општина Арачиново кај с. Арачиново гореше депонија.

– Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои активни се два, под контрола е еден, а изгаснати се 20 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод – во близина на с. Драгов Дол каде што гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки, како и во кумановската населба Средорек каде што е запалено ѓубре.

Пожар под контрола е и пожарот на градската депонија во Делчево

ПредходнаАдминистрацијата на Трамп поништи вкупно 175.000 визи – Стејт департмент
СледнаДелови од Скопје и Сопиште без струја поради планирани прекини