дома Свет Балкан Внимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани...

Внимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани за движење, казните се 300 евра

На полуостровот Халкидики во Грција, викендов стапи на сила строга забрана за сообраќај и движење на пешаци во одредени шумски подрачја. Главна причина за оваа мера е високиот ризик од избувнување шумски пожари.

Забраната ќе биде на сила секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. Оваа одлука се однесува на критичните зони лоцирани во општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожари е прогласен во категорија 3.

Полицијата и надлежните служби имаат налог веднаш да ги отстрануваат сите возила и лица што ќе бидат пронајдени во забранетите зони. За секое непочитување на оваа мерка, предвидена е глоба од 300 евра.

Ситуацијата со пожарите е критична и во други делови од земјата. Покрај Халкидики, во Атика и уште шест други грчки области е прогласен црвен аларм поради екстремен ризик од пожари.

Налетување на екстремни временски услови дополнително го зголемуваат ризикот. Температурите достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Во комбинација со силен ветер и долготрајна суша, се создаваат идеални услови за брзо ширење на огнените стихии.

Локалните власти и Службата за цивилна заштита упатија апел до сите жители и туристи строго да ги почитуваат упатствата. Тие повикуваат да не се влегува во ризичните шумски подрачја додека трае високата мобилизација на надлежните органи.

ПредходнаЃорѓиевски: Ги решивме проблемите што ја кочеа изградбата на булеварот „Борис Трајковски“, наскоро прв слој асфалт
СледнаНападнале 14-годишник и се обиделе да му земат пари, приведени двајца малолетници