дома Македонија Црна хроника Нападнале 14-годишник и се обиделе да му земат пари, приведени двајца малолетници

Нападнале 14-годишник и се обиделе да му земат пари, приведени двајца малолетници

 

Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се лишени од слобода во Скопје поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишник.

Според МВР, инцидентот се случил на 10 август околу 20 часот на булеварот „Кочо Рацин“, каде што малолетниците физички го нападнале 14-годишното момче од Скопје и се обиделе да му одземат пари.

Откако не успеале во намерата, тие побегнале од местото. Полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода околу 20:40 часот на улицата „11 Октомври“ во Центар.

Двајцата се задржани во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за „разбојништво“ во обид.

ПредходнаВнимавајте каде се движите на Халкидики – од денеска се воведуваат забрани за движење, казните се 300 евра