дома Технологии Автомобил на водород оствари брзина од 654 километри на час (ВИДЕО)

Автомобил на водород оствари брзина од 654 километри на час (ВИДЕО)

Британецот Енди Грин постави нов рекорд за брзина на копно со автомобил на водород, достигнувајќи брзина од нешто помалку од 654 километри на час.

Грин, кој има 64 години, држи повеќе бризнски рекорди. Меѓу другите, тој е единствен човек што некогаш го пробил звучниот ѕид со автомобил.

Најновиот рекордот беше поставен вчера во солената рамнина Бонвил во американската сојузна држава Јута, која е совршена локација за постигнување големи брзини. Областа е целосно рамна, површината има мало триење, воздухот е сув, а под солената кора има плиток слој вода што ги лади гумите.

Грин поминал растојание од 1.609 километри или една милја и тоа во два наврати во двата правци, со цел да се елиминираат ефектите од брзината на ветерот.

За да го постави рекордот на Грин му биле дадени 60 минути. Во тој временски рок, тој мораше да го заврши првото возење, да застане, да наполни гориво, да провери дали сè работи правилно и потоа повторно да вози.

Досегашниот рекорд изнесуваше 299 километри на час и беше поставен во 2004 година од тим германски тест возачи. Автомобилот беше BMW H2R, експериментален прототип од BMW со 6,0-литарски V12 мотор кој работи на водород.

Автомобилот на Грин е JCB Hydromax, кој е долг 9,75 метри и повеќе личи на безкрилен млазен авион ловец, отколку на вистински автомобил. Изработен е од производителот на градежни машини JCB, во соработка со инженерските компании Prodrive и Ricardo.

JCB Hydromax е опремен со два мотори на водород, кои заедно испорачуваат моќност од 1.600 коњски сили. Овие мотори се користат во багерите JCB, но се модифицирани за потребите на возилото на Грин.

ПредходнаШега на австралискиот премиер за подарените јапонски дињи предизвика бура во Австралија, Јапонија воздржана 
СледнаТехеран: Нема договор за продолжување на прекинот на огнот меѓу Иран и САД