Три жени имаат посебно место во животот на шпанскиот тенисер Рафаел Надал. Негова најголема поддршка за време на тениската кариера му беше неговата долгогодишна партнерка, а сега сопруга Марија Франциска Парелјо која го придружуваше низ сите подеми и падови.
Втората важна личност е неговата мајка Ана Марија Парера која одиграла важна улога во воспитувањето на Надал и формирањето на неговата личност, но славниот Шпанец има посебен однос и со својата помлада сестра Марија Изабел Надал, попозната како Марибел. Таа е пет години помлада од Рафаел, а братот и сестрата имале многу блиска врска уште од детството.

И покрај огромната популарност на Рафаел Надал, неговата сестра водела многу позатскриен живот низ годините и не била толку присутна во јавноста како нејзиниот славен брат.
Марибел не го придружуваше својот брат на секој турнир, но кога ќе се појавеше во неговата ложа, камерите речиси редовно ја забележуваа. Таа беше покрај Рафаел и за време на големите тениски натпревари, поддржувајќи го заедно со другите членови на семејството.




