дома Свет Балкан Желка касна човек на хрватско приморје, петти регистриран случај

Желка касна човек на хрватско приморје, петти регистриран случај

Во екот на туристичката сезона Хрватска се соочува со проблем. Регистриран е петти случај на каснување на пливачи од голема желка.

Инцидентот се случил во неделата на плажата „Миљенко и Добрила“ во Каштел Лукшиќ.

Според изјавите на сведоци од плажата, желката му се приближила одзади на младо момче и го каснала во долниот дел од грбот. Поради повредата, момчето морало да побарал лекарска помош.

Ова е веќе петти пријавен случај на каснување од 22 јули.

Како што изјавуваат пливачите, желката тежи до 70 килограми.

ПредходнаСе обидела да доплива до Шпанија и се удавила. Не знаела дека ѝ е одобрена визата.
СледнаРоналдо и Георгина се венчаа, објавија фотографија од бурмите