дома Македонија Општество Лага е!Нема ни загадена вода ни заболени од загадена вода во...

Лага е!Нема ни загадена вода ни заболени од загадена вода во СКОПЈЕ

 

Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, за „Скопје1“ ја демантира информацијата што се шири на социјалните мрежи дека на Клиниката се регистрирани два случаи поврзани со наводна контаминација на водата во Скопје со ешерихија коли.

Станува збор за порака која се споделува меѓу граѓаните, а во која се тврди дека во водата во Скопје наводно била изолирана ешерихија коли и дека веќе имало два случаи на клиника. За ваквите тврдења во пораката не се наведува извор, лабораториски наод или друга официјална потврда.

„Информациите што се шират на социјалните мрежи дека на Клиниката за инфективни болести се регистрирани два случаи поврзани со наводна контаминација на водата со E. coli не се точни. Во моментов на Клиниката нема регистрирани ниту хоспитализирани пациенти поврзани со ваков настан. Апелираме јавноста да се информира исклучиво од официјални и проверени извори“, изјави Цана за „Скопје1“.

Screenshot

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција уверуваше дека водата од градскиот водоснабдителен систем е безбедна за пиење, повикувајќи ги граѓаните да не подлегнуваат на информациите што создаваат паника.

Како доказ за своето тврдење, Ѓорѓиевски пред новинарите се напи вода директно од чаша наполнета од чешма.

ПредходнаГори кај Моране, интервенираат три ер трактори
СледнаЃорѓиевски најавува реакција на институциите за ширењето на паника меѓу скопјани