дома Култура „МакеДокс“ ќе ја објави програмата за 17. издание на фестивалот

„МакеДокс“ ќе ја објави програмата за 17. издание на фестивалот

  Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ денеска на прес-конференција ќе ја претстави комплетната програма и фестивалските активности за неговото 17. издание.

„МакеДокс“ ќе ја објави програмата за 17. издание на фестивалотКако што најавуваат организаторите, на пресот во Едукативниот културен центар „Лабораториум“, ќе се обратат извршниот директор на фестивалот Дарко Набаков, програмскиот координатор Петрула Вељановска и раководителката на индустри програмата Сара Ферро.

Седумнаесеттото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август на неколку локации во Скопје – Куршумли ан, Музејот на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албанскиот театар.

ПредходнаВо животот на Надал три жени имаат посебно место
СледнаПочнува меѓународната уметничка колонија Арт поинт – Гумно 2026: „Последните крајолици на човештината“