Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во следните два дена (четврток и петок) времето наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Како што информира УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со постепен пад на температурата.
Времето денеска
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, најавуваат метеоролозите за денеска. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 14 до 23 степени, а дневната од 32 до 40 степени.
И во Скопје денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 19 степени наутро до 38 во текот на денот.




