дома Свет Балкан Пронајдени двајца од четворицата исчезнати Португалци во Хрватска, потрагата продолжува

Пронајдени двајца од четворицата исчезнати Португалци во Хрватска, потрагата продолжува

Спасувачките екипи успеаја да пронајадат двајца од четворицата млади португалски државјани кои исчезна синоќа за време на силно невреме во каналот Велебит во Јадранското Море, во близина на градот Сењ, јавија хрватските медиуми.

Околу 13 часот беше соопштено дека една Португалка е пронајдена жива, а помалку од еден час подоцна дека е пронајден и еден Португалец. Потрагата по преостанатите двајца мажи на восраст од триесеттина години продолжува.

Националниот центар за координација на потрагата и спасувањето на море во Риека претпладневно соопшти дека се спроведува координирана операција за пребарување и спасување на четворицата Португалци. Во време кога исчезнале преовладувале крајно неповолните временски услови со силни удари на ветер и бранови високи и до три метри.

Исчезувањето на четворицата Португалци го пријавила нивна познаничка рано изутринава во 4:41 часот. Според неа, четворица пријатели го напуштиле кампот во кој биле сместени северно од Сењ со гумен чамец долг околу 1,5 метар. По ова им се губи секаква трага.

При пребарувањето во близина на брегот на островот Крк е пронајден е напуштен чамец, кој според описот одговара на оној со кој пловеле Португалците.

Поради јакиот урагански ветер и брановите кои надминуваа два метри, дел од единиците вклучени во пребарувањето утрово беа повлечени од акцијата, а Центарот соопшти дека побарал вклучување на дополнителни пловила штом тоа го дозволат временските услови.

Од Крајбрежната стража на Република Хрватска било побарано да се вклучи во операцијата со авион, кој би ја пребарувал пошироката област на каналот Велебит.

ПредходнаЗошто Европа се загрева двојно побрзо од остатокот на светот?
СледнаЈавното обвинителство започна истрага за загадувањето со отпад кај Рашче