дома Свет Стапуваат во сила нови правила на ЕУ за третман на стари возила

Стапуваат во сила нови правила на ЕУ за третман на стари возила

Од утре во сила стапуваат нови правила на ЕУ за дизајнирање, производство, собирање и третман на стари возила, чија цел е зајакнување на циркуларноста на автомобилскиот сектор и поддршка на стратешката автономија на Европа.

Според статистичките податоци, секоја година во Европа престанува користењето на 10 до 12 милиони возила, кои добиваат третман на отпад. Овие возила сепак може да бидат извор на вредни суровини и ако не се третираат правилно предизвикаат еколошки проблеми, а европската економија губи милиони тони материјали.

Со поттикнување на обновата, повторната употреба и рециклирањето на челикот, алуминиумот, бакарот или пластиката од овие возила, ЕУ има за цел да ја подобри безбедноста на ресурсите во Европа, да ја намали зависноста од увезени материјали, да ја поддржи европската индустрија и да го намали отпадот.

Со новите правила, исто така, се очекува да се создадат нови деловни можности за целиот синџир на снабдување, да се поттикне подобра соработка помеѓу производителите, демонтерите и рециклирачите и да се намали отпадот и влијанијата врз животната средина.

Производителите ќе треба да обезбедат јасни и детални упатства за отстранување и замена на деловите на возилата, обезбедувајќи нивно полесно расклопување.

Регулативата, исто така, првпат во Европа воведува и задолжителни цели за содржината на рециклирана пластика во возилата, за да се зголеми побарувачката за рециклирани материјали. Мерките што ја поттикнуваат повторната употреба и преработка се очекува да ја зголемат достапноста до половни резервни делови.

Зајакнатата одговорност на производителот ќе обезбеди и соодветно финансирање на третманот на старите возилата и ќе промовира рециклирање со повисок квалитет.

Покрај тоа, само автомобили што се во добра состојба ќе можат да се извезуваат надвор од ЕУ.

ПредходнаТехеран: Нема договор за продолжување на прекинот на огнот меѓу Иран и САД