Опозициската СДСМ денеска со информација дека во Гостивар има нови случаи на реинфекции.
– Додека граѓаните пет недела чекаат чиста вода, има нови случаи на заболени во Гостивар – здравствената катастрофа не стивнува. Уште поалрмантно е што според информациите кои стигнаа до нас, има случаи на реинфицирани граѓани – луѓе кои повторно се затруени и заболени. Ова е сериозен аларм дека ризикот не е отстранет и дека изворот на труењето се уште не е ставен под контрола, изјави Кети Шерјова денеска на прес-конференција.

СДСМ повторно го повика Обвинителството да постапи.
– Дозволија кризата да ескалира, бидејќи задоцнија во секој чекор – од прогласување на епидемијата до преземање мерки.
Дозволија да има и нови случаи на затруени граѓани и реинфицирани поради несопособност, рече Шерјова.




