Авиони и хеликоптер интервенираат во гаснењето на пожарот во шумата над селото Габер, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК информираат дека иако пожарот е проширен, ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите.
Поради тоа што огнот се наоѓа на планински и непристапен терен каде интервенцијата од земја е отежната, во воздухот делуваат три авиони „Ер Трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР.
Пожарот во моментот се движи во правец на селото Вржале, поради што состојбата внимателно се следи од екипите на терен. Мртеоролозие највавуаат ветер но и дожд ѓто може да ја усложни но и речи ситуацијата.




